ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ДРУГИ ПОПРЕЧЕНОСТИ - ВЕЛЕС
ЗА НАС
- ХУМАНИТАРНА, НЕПРОФИТНА ОРГАНИЗАЦИЈА
„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е хуманитарна, непрофитна организација, формирана на 12.9.1997 година од страна на лица со попреченост и нивни родители.
Во организацијата членуваат лица со церебрална парализа, даунов синдром, аутизам, интелектуална попреченост и други комбинирани попречености.
Покрај овие лица, во организацијата членуваат и нивни родители и старатели.
Исто така, како надворешни стручни членови, организацијата располага со дефектолози, логопеди и психолози.
Вкупниот број на лица кои членуваат во организацијата изнесува околу 100 члена.
Општество со еднакви можности за сите, без бариери и ограничувања.
Помош на лица со попреченост и поддршка на нивните семејства, интеграција на лицата со попреченост во општествениот живот, нивна социјализација и помош при остварување на правата од социјалната и здравствената област.
Промовирање и одржливост на сервиси во заедницата за поддршка на лицата со попреченост.
Органите на ова здружение го сочинуваат претседателот, собранието, извршниот одбор и надзорниот одбор.
Претседател:
– Далиборка Златева, тел. 075/403-303, daliborkacp@yahoo.com, zlcpveles@yahoo.com
Заменик претседател:
– Снежана Џуфовска, тел. 078/433-715
Извршен одбор:
– Ангел Станковски (член) тел. 076/420-967
– Јованка Атанасова (член) тел. 078/668-120
– Александра Анѓушева (член) тел. 072/230-892
Надзорен одбор:
– Јованка Атанасова (член) тел. 078/668-120
– Валентина Димеска (член) тел. 078/229-607
– Лорета Рогужарова (член) тел. 077/711-906
Организацијата располага со канцеларија во Општина Велес и дневен центар во Општина Велес.
Организацијата има постојано вработени лица во социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“, негователи и стручни работници.
Покрај родителите – волонтери, активно работат и стручни лица како што се: дефектолог (2), психолог (2), тренер за компјутери, преведувач од Англиски јазик, дипломиран економист и правник.
Организацијата делува во општините Велес, Чашка и Градско.
„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е без постојана финансиска поддршка, а основните средства за опстанок и делување ги црпи од спроведување на проекти поддржани од страна на Влада на Република Северна Македонија, странски хуманитарни асоцијации, поддршка од страна на локална власт и бизнис секторот.
Годишниот обрт на финансиски средства е скромен, во зависност од активностите и проектите кои ги спроведува организацијата.
НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЗЛЦПДП – ВЕЛЕС (2019-2021)
НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЗЛЦПДП – ВЕЛЕС (2022)
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЗЛЦПДП – ВЕЛЕС (2023)
Здружението соработува со сите здруженија во Република Северна Македонија кои работат на полето на лица со попреченост и слична друга проблематика.
Здружението е член на платформата на невладини организации предводена од „Полио Плус“ – движење против хендикеп, член во мрежата на женски организации за родова рамноправност, предводена од “Kvinna till Kvinna” – Скопје.
Здружението соработува и со здруженија од регионот и тоа: Udruženje osoba sa cerebralnom i dečijom paralizom “Volja za životom”, Velika Plana, Srbija; “Sunce” – Mostar, Bosna & Hercegovina; „Хуманитарна Фамилија“ – Бар, Црна Гора; Udruzenje “Mladi sa hendikepom” – Подгорица, Црна Гора.
Организирање редовни состаноци со родителите и старателите на лицата со попреченост.
Работилници за надградба на талентите на лицата со попреченост: сликање, изработка на накит, изработка на украси и слично во текот на целата година.
Организирање на работилници со тренер обучувач со специјална компјутерска опрема според потребите на лицата со попреченост, во текот на целата година во соработка со „Отворете ги прозорците“ од Скопје.
Организирање на психолошки работилници за поддршка на лицата со инвалидност и директна поддршка на нивните родители и старатели.
Организирање на еднодневни екскурзии за запознавање на татковината и посета на туристички локалитети, 2-3 пати во годината во зависност од обезбедените финансиски средства.
Организирање на свечености по повод верски празници: Божиќ, Велигден и слично.
Организирање на средби во црковно народната кујна во соработка со „Повардарска Епархија“.
Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти Декември.
Свеченост по повод Новогодишните празници и подготовка на соодветни подароци.
Организирање на изложби, промоции на книги, дела на лицата со попреченост и нивно вклучување во културното живеење.
„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ има развиено стратегија за работа на организацијата со која проактивно ќе работи на создавање еднакви услови и можности за сите граѓани.
Здружението направи анализа на проблемите и потребите на лицата со попреченост на територија на Општина Велес и ја идентификуваше следната листа на проблеми за кои ќе креира решенија и тоа во седум области: