ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ДРУГИ ПОПРЕЧЕНОСТИ - ВЕЛЕС

ЗА НАС

Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености

„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е хуманитарна, непрофитна организација, формирана на 12.9.1997 година од страна на лица со попреченост и нивни родители.

Во организацијата членуваат лица со церебрална парализа, даунов синдром, аутизам,  интелектуална попреченост и други комбинирани попречености.

Покрај овие лица, во организацијата членуваат и нивни родители и старатели.

Исто така, како надворешни стручни членови, организацијата располага со дефектолози, логопеди и психолози.

Вкупниот број на лица кои членуваат во организацијата изнесува околу 100 члена.

Општество со еднакви можности за сите, без бариери и ограничувања.

Помош на лица со попреченост и поддршка на нивните семејства, интеграција на лицата со попреченост во општествениот живот, нивна социјализација и помош при остварување на правата од социјалната и здравствената област.

Промовирање и одржливост на сервиси во заедницата за поддршка на лицата со попреченост.

Органите на ова здружение го сочинуваат претседателот, собранието, извршниот одбор и надзорниот одбор.

Претседател: 
– Далиборка Златева, тел. 075/403-303, daliborkacp@yahoo.com, zlcpveles@yahoo.com

Заменик претседател: 
– Снежана Џуфовска, тел. 078/433-715

Извршен одбор:
– Ангел Станковски (член) тел. 076/420-967
– Јованка Атанасова (член) тел. 078/668-120
– Александра Анѓушева (член) тел. 072/230-892

Надзорен одбор:
– Јованка Атанасова (член) тел. 078/668-120
– Валентина Димеска (член) тел. 078/229-607
– Лорета Рогужарова (член) тел. 077/711-906

Организацијата располага со канцеларија во Општина Велес и дневен центар во Општина Велес.

Организацијата има постојано вработени лица во социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“, негователи и стручни работници.

Покрај родителите – волонтери, активно работат и стручни лица како што се: дефектолог (2), психолог (2), тренер за компјутери, преведувач од Англиски јазик, дипломиран економист и правник.

Организацијата делува во општините Велес, Чашка и Градско.

„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ е без постојана финансиска поддршка, а основните средства за опстанок и делување ги црпи од спроведување на проекти поддржани од страна на Влада на Република Северна Македонија, странски хуманитарни асоцијации, поддршка од страна на локална власт и бизнис секторот.

Годишниот обрт на финансиски средства е скромен, во зависност од активностите и проектите кои ги спроведува организацијата.

НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЗЛЦПДП – ВЕЛЕС (2019-2021)

НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЗЛЦПДП – ВЕЛЕС (2022)

Здружението соработува со сите здруженија во Република Северна Македонија кои работат на полето на лица со попреченост и слична друга проблематика.

Здружението е член на платформата на невладини организации предводена од „Полио Плус“ – движење против хендикеп, член во мрежата на женски организации за родова рамноправност, предводена од “Kvinna till Kvinna” – Скопје.

Здружението соработува и со здруженија од регионот и тоа: Udruženje osoba sa cerebralnom i dečijom paralizom “Volja za životom”, Velika Plana, Srbija; “Sunce” – Mostar, Bosna & Hercegovina; „Хуманитарна Фамилија“ – Бар, Црна Гора; Udruzenje “Mladi sa hendikepom” – Подгорица, Црна Гора.

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

ОДГЛЕДУВАЊЕ ЛЕКОВИТИ БИЛКИ
Социјална инклузија и работно ангажирање на лица со попреченост и други маргинализирани групи преку одгледување на лековити билки
СЕРВИС „ОДМЕНА НА СЕМЕЈНА ГРИЖА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ“
Активност поддржана преку активната мерка 7.2 – обука и вработување на лица за обезбедување на услуги за грижа во заедницата поддржано од UNDP
ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ЗАЕДНИЦАТА
Помош и поддршка на деца и лица со попреченост на територија на Општина Велес
Previous slide
Next slide

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

  • Кампања за родова рамноправност и родова инклузија на девојки и жени со попреченост
  • Стратегија за лица со инвалидност – ЛАПЛИ
  • Сервис за лична асистенција за лица со телесен инвалидитет
  • Сервис за домашна поддршка на лица со попреченост
  • Дневен Центар за лица со инвалидност и нивна интеграција во општественото живеење
  • Имплементација на ЛАП за прашањето хендикеп
  • Локален Акционен План за прашањето хендикеп во Општина Велес
  • Адаптација на детска соба за полуинтензивна нега на детскиот оддел при Општа Болница Велес
  • Пристапност за мене, мое човеково право
  • Надградба на талентите на лица со хендикеп
  • Изградба на првите пристапни патеки и одбележување на паркинг места во Велес
  • Кампања за социјално вклучување во општествениот живот на лицата со хендикеп
  • Идентификација на лица со хендикеп и дистрибуција на ортопедски помагала
Работилница за садење сукуленти - Велес

РЕДОВНИ АКТИВНОСТИ
ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА

  • Организирање редовни состаноци со родителите и старателите на лицата со попреченост.

  • Работилници за надградба на талентите на лицата со попреченост: сликање, изработка на накит, изработка на украси и слично во текот на целата година.

  • Организирање на работилници со тренер обучувач со специјална компјутерска опрема според потребите на лицата со попреченост, во текот на целата година во соработка со „Отворете ги прозорците“ од Скопје.

  • Организирање на психолошки работилници за поддршка на лицата со инвалидност и директна поддршка на нивните родители и старатели.

  • Организирање на еднодневни екскурзии за запознавање на татковината и посета на туристички локалитети, 2-3 пати во годината во зависност од обезбедените финансиски средства.

  • Организирање на свечености по повод верски празници: Божиќ, Велигден и слично.

  • Организирање на средби во црковно народната кујна во соработка со „Повардарска Епархија“.

  • Одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти Декември.

  • Свеченост по повод Новогодишните празници и подготовка на соодветни подароци.

  • Организирање на изложби, промоции на книги, дела на лицата со попреченост и нивно вклучување во културното живеење.

ГАЛЕРИЈА

СТРАТЕШКИ ОПРЕДЕЛБИ

„Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“ има развиено стратегија за работа на организацијата со која проактивно ќе работи на создавање еднакви услови и можности за сите граѓани.

Здружението направи анализа на проблемите и потребите на лицата со попреченост на територија на Општина Велес и ја идентификуваше  следната листа на проблеми за кои ќе креира решенија и тоа во седум области:

Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености
НОВОСТИ
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

КОНТАКТ

© 1997 - 2023 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес. All rights reserved.