Прв Регионален саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот регион

ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ДРУГИ ПОПРЕЧЕНОСТИ - ВЕЛЕС

Првиот Регионален саем на социјалните претпријатија од Вардарскиот регион, во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на Вардарски плански регион и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, се одржа на Градскиот плоштад во Велес, на 12 ноември, 2021 година (петок), со почеток во 11 часот.

Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес, зема учество на саемот, со производи од плантажата со лековити билки која ја подигнавме и реализиравме во рамки на проектот „Социјална инклузија и работно ангажирање на лица со попреченост и други маргинализирани групи преку одгледување на лековити билки“. Проектот го реализираме во соработка со нeвлaдината Биовита – Biovita од Кавадaрци, а финансиски е поддржан од Глобален еколошки фонд ПМГ, на Обединетите нации.

Здружението за прв пат ги промовиравме првите производи кои се комплетно изработени во  нашиот работен центар, Zdruzenie Cerebralna. На нашиот штанд посетителите имаа можност да купат: чај од нане, босилек и невен, маст од невен, тиктура од невен и лаванда, масло од невен, лавандова тоалетна вода, перничиња од лаванда и сокуленти засадени во рачно изработени садови од глина. Бевме пресреќни што имавме можност да сме дел од одлично организираниот настан и можноста да ги претставиме рачно изработените производи.
 

ГАЛЕРИЈА

НОВОСТИ
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

КОНТАКТ

© 1997 - 2021 Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености - Велес. All rights reserved.